Шпан: Ни најдобриот здравствен систем не може да издржи вакво прогресирање на епидемијата

Главниот град на Шпанија има 735 случаи на 100.000 жители, што е драматично повеќе од другите области во државата (Фото: Ројтерс)

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан денеска изјави дека претстојат тешки времиња ако земјата не може да се справи со порастот на новозаболени со Ковид-19.

Тој пред германскиот Парламент истакна дека во изминатите 10 дена двојно е зголемен бројот на пациенти на интензивните одделенија.

– До денеска здравствениот систем може да се справи со тоа. Но, и најдобриот здравствен систем во светот не може да се справи со двојно зголемување на секои 10 дена, посочи Шпан.

Во Германија во изминатите 24 часа пријавени се над 21.500 заразени со новиот коронавирус и 166 смртни случаи.