Шолц разговарал со Денков за евроинтеграцијата на Македонија


 

Бугарскиот премиер  Николај денков по средбата со Олаф Шолц во Гранада изјави дека разговарале за Западен Балкан и за тоа дека земјите во него треба  да се интегрираат како полноправни европски држави.

-Ова има свои специфични тешкотии, но мора да работиме заедно со нив и тие успешно да ја најдат својата иднина во Европа, истакна Николај Денков.

На новинарско прашање за европската интеграција на Република Северна Македонија, германскиот канцелар Олаф Шолц изрази надеж дека тоа ќе се случи „во тесна соработка со Бугарија“.

На средбата, Олаф Шолц и Николај Денков, покрај темите поврзани со Шенген и Западен Балкан, разговарале и за војната во Украина и за претстојните разговори на највисоко ниво во Гранада.