Шолц и Мишел на вечера во Солун со регионалните лидери

По самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Солун лидерите од регионот, заедно со германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, беа на вечера што ја приреди домаќинот, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
„Во помалку формална атмосфера разговаравме за многу важни теми, но разговаравме и за можностите што се отвораат кога е во прашање нашиот регион и кои можеме да ги искористиме со заеднички сили за добробит на сите наши граѓани“, напиша српскиот претседател на својот Инстраграм профил.
На состанокот освен регионалните лидери беше и претседателката на Молдавија Маја Санду.