Шолц: Германскиот народ намерно се доведува во заблуда околу помошта за Украина


Германскиот канцелар Шолц пристигна во неочекувана посета на Киев

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги обвини своите политички противници дека лажат за финансирањето на помошта за Украина, нагласувајќи дека германскиот народ намерно се доведува во заблуда, избегнувајќи дискусија за клучното прашање – како да се покријат овие трошоци, пишува Билд.

Шолц претходно предложи да се укинат таканаречените „сопирачки на долгот“ и земањето кредит за да се обезбеди помош за Украина во износ од три милијарди евра. Сепак, ЦДУ, ФДП, па дури и Зелените – неговите коалициски партнери – одлучија да финансираат дополнителни испораки на оружје за Украина преку непланирани буџетски расходи.

Шолц во интервју за ФАЗ ги обвини своите политички противници дека лажат: „Имам впечаток, овде отворено ќе кажам: Германскиот народ во моментов се доведува во заблуда со најголем интензитет и темелност“.

На прашањето кој точно го мами народот, Шолц додаде: „Сите оние кои се обидуваат да го избегнат главното прашање: „Како ќе платиме за тоа?“

Според „Билд“, веројатни кандидати за канцелар се Фридрих Мерц (ЦДУ), Роберт Хабек (Зелените) и Кристијан Линднер (ФДП). Обвинувањата на Шолц лично ги прими и министерката за надворешни работи Аналена Бербок (Зелените), која изрази огорченост.

Таа нагласи дека Шолц не треба да го користи спорот околу финансирањето на помошта за Украина за свои изборни интереси.

– Сакам да кажам со сета сериозност дека времињата се премногу тешки и одговорноста на Германија е преголема за сега, во наредните недели, да влегуваме во изборна реторика, рече Бербок.

ЦДУ соопшти дека Шолц „изгледа целосно ги изгубил нервите“, бидејќи почнал да ги обвинува сите дека лажат. Според последната анкета на ИНСА, ЦДУ/ЦСУ има поддршка од 29 отсто, додека Олаф Шолц од СПД има 16 отсто поддршка.