Шокантна одлука на шведскиот крал: На внуците им ги одзеде кралските титули


Шведска- Кралот на Шведска Карл шести Густаф одлучи да воведе промени во кралското семејство. Неговите внуци не ќе можат да се претставуваат како кралски височества ниту да извршуваат службени должности.

Шведската кралска палата објави дека децата на принцезата Маделин (37) и на Крис Онил и децата на Карл Филип (40) и на принцезата Софија веќе нема да бидат членови на кралското семејство.

Принцезата Леонора (5), принцот Николас (4), принцезата Адриен (1), принц Александер (3) и принц Габриел (2) ќе ги задржат титулите војводи и војвотки добиени по раѓањето.

Единствени кои смеат сега да ги извршуваат кралските должности се принцот Карл Филип и принцезата Маделин. Маделин живее во Мајами и работи за Светската фондација за зачувување на детството која ја основала нејзината мајка, кралицата Силвија. Принцот Карл и неговата сопруга Софија ќе продолжат со работата во сопствената хуманитарна фондација.