Шојгу не исклучува нуклеарен судир доколку Велика Британија ѝ испрати на Украина муниција со осиромашен ураниум


Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу предупреди на можен „нуклеарен судир“ меѓу Москва и Западот, пренесува Скај Њуз.

Според руски медиуми, Шојгу рекол дека остануваат сè помалку чекори пред да се случи потенцијален инцидент. Изјавата на Шојгу е реакција на најавата на Велика Британија дека ќе ја снабдува Украина со муниција што содржи осиромашен ураниум, јавува Скај Њуз.

Говорејќи во Лондон, вчера Анабел Голди, министерката за одбрана, рече дека дел од муницијата за борбените тенкови „Челинџер 2“ што Велика Британија ги испраќа во Украина вклучува оклопни куршуми кои содржат осиромашен ураниум.

– Таквиот потег ќе ја поттикне Русија да одговори, рече Шојгу.

Претходно денеска, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го нарече британскиот план „југословенско сценарио“, велејќи дека муницијата предизвикала рак и штети на животната средина.