Шминкерката Пат Мекграт доби титула дама од британската кралица-прва во светот


Англија– Пат Мекграт ја почнува  2021 година со голема почест од кралицата Елизабета Втора.

Легендарната мејк-ап артистка беше запишана во годишната листа на почести на кралицата, која се издава двапати годишно на роденденот на кралицата и во пресрет на новата година. Мекграт беше именувана за ДБЕ – или Дама на британската империја – за нејзините „заслуги во индустријата на модата и убавината“, според објавата на Инстаграм од Мекграт.

Мекграт исто така рече дека се чувствува „почестено“ да ја прими наградата и им се заблагодари на своите најблиски што и помогнаа да ја достигне оваа точка во нејзината кариера.

Од ревијата на Диор во 2013 година со модели шминкани од Меграт

„Сакам да им се заблагодарам на сите неверојатни луѓе во мојот живот – на мајка ми, на моето семејство, пријатели, колеги и ти, моите колеги, фановите, кои придонесовте за оваа награда“, напиша таа. „Ниту во најлудите соништа не можев да замислам дека еден ден нејзиното височество кралицата Елизабета Втора ќе ме признае дека сум меѓу неверојатните приматели на оваа чест и во минатото и во сегашноста“.

„Кога првпат го лансирав мојот бренд, Пат Мекграт лаборатории, тој беше дизајниран да инспирира самоизразување и индивидуалност“, продолжи Мекграт. “Оваа чест им ја посветувам како почит на шминкерите насекаде. Го обожавам секој и секој од вас. Никогаш не се откажувајте од своите соништа – со напорна работа, креативност и упорност, сè е можно”.

Во изјавата испратена до Инсајдер преку е-пошта, МекГрет додаде: „Опсесијата на мајка ми со убавината и модата ја разгори мојата страст кон оваа неверојатна индустрија и се чувствувам благословена што имам привилегија да работам со некои од најневообичаените луѓе во текот на мојата кариера“.

Како што претходно објави Вог, Мекграт беше прогласена за МБЕ, или член на Редот на британската империја, за нејзините услуги во индустријата за мода и убавина во Бакингемската палата на 1 мај 2014 година.

Четири години подоцна во 2018 година, колешката Шарлот Тилбери беше именувана за MBE од кралицата Елизабета Втора за нејзините достигнувања како шминкер и сопственик на брендот за убавина.

Мекграт има големо влијание врз индустријата за убавина во текот на речиси три децении.

Иако Мекграт честопати се поврзува со нејзиниот истоимен бренд за убавина, Пет Мекграт лаборатории, таа всушност започна да работи како шминкерка за познати личности и модели. Според британскиот „Вог “, шминкала за над 500 насловни страници на списанија и повеќе од 190.000 модели.

Мекграт често користи сјај, пенливи сенки и други техники за да создаде светски изглед. Во минатото, таа беше креативната сила зад усните од монисти, веѓите покриени со пердуви и кристалните маски кои се појавија на пистите на дизајнерите.

Како резултат на создавање ваков изглед, Мекграт претходно беше опишан од „Алур “ како највлијателен шминкер во светот.