Шкупи ги доби противниците во групата од ЛШ


Македонскиот футсал првак Шкупи се најде во групата Б од првата фаза во Лигата на шампионите заедно со екипите на Локомотив од Летонија, Кардиф од Велс и Енкамп од Андора.

Само победникот ќе избори место во следната фаза.

Првиот круг ќе се игра турнирски во периодот од 27 август до 1 септември, домаќин во Б-групата ќе биде токму Шкупи.