Шкотските вештерки ќе бидат постхумно помилувани


 

Илјадници жени обвинети за вештерство во Шкотска меѓу 1567 и 1736 година ќе бидат постхумно помилувани и рехабилитирани, пишува „Сандеј тајмс“.

Големиот лов на вештерки во Шкотска од 1597 година почнат е откако шкотскиот крал Џејмс четврти донел Закон за вештерки, а тоа резултирало со низа судења за околу 400 луше, главно жени и девојки, обвинети за различни облици на дијаболизам.

Предлог-законот за ова прашање во шкотскиот парламент обезбеди поддршка од администрацијата на првата министерка на Шкотска, Никол Стружан.

Натали Дон, пратеничка од Шкотската национална партија, вели дека предог-законот може да биде усвоен веќе следното лето.

„Правилно е да се исправи оваа грешка, да се помилуваат овие криминализирани луѓе, главно жени“, вели таа.

Во петицијата во рамки на кампањата „Вештерките од Шкотска“, се бара помилување, официјално извинување и спомен-обележје во знал на признание на шкотските вештерки.