Шкотскиот премиер поднесе оставка


Хумза Јусаф поднесе оставка од премиерската функција во Шкотска, откако неговата одлука да се откаже од коалицискиот договор на СНП со Шкотските Зелени доведе до владина криза.

„Иако патот преку овонеделното барање за недоверба беше апсолутно возможен, јас не сум подготвен да ги менувам моите вредности и принципи или да склучувам договори со некого само за да ја задржам власта. Затоа, откако го поминав викендот размислувајќи за тоа што е најдобро за мојата партија, за владата и за земјата што ја водам, заклучив дека поправка на нашите односи преку политичкиот јаз може да се направи само со некој друг на чело. Затоа го известив националниот секретар на СНП за мојата намера да се повлечам од позицијата лидер на партијата и да побарам што поскоро да го започне трката за моја замена“, рече Јусаф.

Хумза Јусаф појасни дека ќе остане премиер на Шкотска се’ додека не се избере неговиот наследник за лидер на СНП.