Шкендија со минимален резултат славеше на гостувањето кај Номе Кајлу


Македонскиот фудбалски шампион Шкендија со минимални 1:0 славеше на гостински терен против естонскиот првак Номе Калју во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Клучниот момент за победата на Шкендија се случи во 81. минута кога еден од домашните фудбалери играше со рака во сопствениот шестнаесетник, по што судијата досуди пенал, а прецизен реализатор на најстрогата казна беше Агим Ибраими со што тетовци дојдоа до голема победа на гостински терен во пресрет на реваншот.

Кога станува збор за самиот натпревар, домаќините во текот на 80 минути играа „бункер“ и успешно се бранеа од налетите на македонскиот шампион, кој доминираше во текот на целото полувреме, но не успее да создаде посериозна шанса.

Номе Калју сите карти ги фрли на дефанзивата и ретко кога се одлучуваше да нападне. Во второто полувреме Шкендија успеа да создаде неколку шанси, Бесарт Ибраими прв се закани од слободен удар, а веднаш по него и Агим Ибраими. Пред самиот крај на мечот Тотре имаше шанса за нов погодок и поубедлива победа, но голманот на домаќините одлично интервенираше.

Со оваа победа Шкендија е на одличен пат да се пласира во второто коло, а со оглед на прикажаното од страна на Естонците, нашиот шампион не би требало да има проблеми на реваншот за една недела.