Широков казнет со општокорисна работа поради напад врз судија


Судот во Москва го казни денеска поранешниот капитен на руската фудбалска репрезентација Роман Широков со 100 часа општокорисна работа поради напад врз фудбалски судија.

Легендарниот руски фудбалер во август годинава физички го нападна судијата Никита Данченко на натпревар од хуманитарен карактер.

Широков, најпрво, нервозно реагираше за недосуден пенал, а откако Данченко му покажа црвен картон, го нападна со клоци и тупаници, нанесувајќи му телесни повреди.

Широков, кој најголем дел од кариерата мина во Зенит, а за руската репрезентација одигра 57 натпревари, јавно му се извини на Дарченко за инцидентот.

– Свесен сум дека недосуден пенал и исклучување не смеат да бидат повод да кренам рака, објави Широков на Инстаграм.