Широк состанок кај министерот Лога за Законот за јавно обвинителство
Министерот за правда, Кренар Лога, одржа координативна средба со вицепремиерка задолжена за добро владеење, Славица Грковска, претседателите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, јавниот обвинител, Љубомир Јовески, шефовите на вишите јавни обвинителства и ОЈО Скопје, координаторите на поголемите политички партии, претставници од невладиниот сектор и експерти од проектот „Владеење на правото“. Бил поканет и кординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, но не дошол. Поканата останува отворена за наредните состаноци.
Една од темите за дискусија на состанокот беше предлог Законот за дополнување на Законот за јавно обвинителство за воспоставување надзор врз функционалноста на информатичкиот систем за управување со движење на предметите.
„Зголемувањето на транспаретноста и подобрување на ефикасноста и ефективноста на јавното обвинителство е клучно за правосудниот систем“, истакна министерот Лога.
На средбата се заклучи дека актуелниот информатички систем има недостатоци и не ги дава очекуваните резултати.
Во своето излагање министерот за правда предложи насоки за новите измени кои ќе се разгледат од работната група која ќе се формира и работи на изработка на измените.