Шилегов: Зошто не го подучија Мијалков „Мериот“ да го гради отаде Вардар, плоштадот е место за Градска куќа


На градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов му се допаѓа идејата градската куќа да е на плоштад, можеби и зградата на ЕВН, па веројатно токму затоа од денеска почна да се средува партерниот дел од плоштадот пред ГТЦ.

– Најискрено не можам да знам кој ќе се пријави, бидејќи ние ќе се обидеме да ја продадеме Градската куќа. Кој ќе се пријави на таа постапка, не знам, рече Шилегов, на денешната прес-конференција.

– Ми се допаѓа идејата дека Градската куќа треба да биде во централното подрачје, на плоштад. Тоа е стандард во светот. Ако беше таа локација толку атрактивна, како што се обидуваат да покажат изминативе денови опозиционерите, зошто не го подучија Сашо Мијалков да го направи таму хотелот, а на местото на „Мериот“ да ја имавме градската куќа – рече Шилегов.

Тој додаде дека не знае дали ќе успеат да ја продадат Градската куќа.

– Она што знаеме, е дека не е местото на Градот Скопје да биде фрлен некаде на страна. Сега се наоѓаме на страна, а тоа било дефинирано како привремено решение 1965 година – додаде Шилегов.