Шилегов: Нова димензија на градското зеленило, од утре ќе се садат и јапонските цреши


Фото: Б.Грданоски

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов преку својот Фесјбук профил ги објави фотографиите од новите садници со нискостеблести дрва и зеленила кои се засадени на булеварот Кочо Рацин.

Шилегов потсети и дека во понеделник ќе се возобнови и дрворедот со јапонски цреши на Максим Горки, за кои имаше остра реакција во јавноста по нивното сечење вчера.

Подготовки за утрешното садење на јапонските цреши на Максим Горки. Дрвата мораа да бидат одстранети во петокот, заради болест (констатирана пролета 2017). Се обидовме да ги спасиме. Кога оваа пролет стана извесно дека нема да можеме да ги спасиме, набавивме нови и обновата на дрворедот ја испланиравме за оваа есен.

Очекувам дека “душегрижниците” и “сезнајковците” ќе се појават утре на засадувањето на дрворедот. Ако не се појават, ќе ги засадиме и без нив ?.

Се грижиме за градот и работиме плански.