Шилегов не смета дека ги изневерил скопјани


Градоначалникот Петре Шилегов изјави дека на неговиот претстој во Маврово не реагирале критички граѓаните, туку според него, станува збор за агресивна кампања од опозицијата против него.

„Не гледам револт кај граѓаните, тоа е спин од опозицијата. Никој не знае кога сум заминал, како живеам со моето семејство. Не можат да најдат забелешка за работата и прават изместување на тезите. Депласирана е таа вест, само зошто сум бил во своја куќа“, наведе скопскиот градоначалник.

Вчера опозицијата обвини дека Шилегов ужива во својата викендица во Маврово, додека скопјани се во карантин.