Шилегов најавува трет зелен покрив, овојпат на „Мавровка“
Еве како изгледа напуштениот и неуреден простор на Мавровка што набрзо ќе биде трет и најголем зелен покрив во Скопје, најави предмалку градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Тој за денеска има закажано и прес-конференција токму таму, заедно со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Но, сепак, поради временските непогоди, таа е откажана.
Во претходниот период, започна изградбата на зелениот покрив на Домот на градежници, а лани беше завршен и зелениот покрив на ГТЦ.
Со ваквите зелени покриви, се намалалува температурата на воздухот околу овие објекти, а секако, воздухот станува почист.