Шилегов: И на булеварот на Бит Пазар ќе никнат јапонски цреши


Улицата „Максим Горки“ вчера ги доби назад ветените 18 нови стебла јапонски цреши, на местото на оние што во петокот беа исечени, а сега градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, најави дека јапонски цреши ќе никнат и кај булеварот на Бит Пазар.

Според збровите на Шилегов, биле набавени вкупно 50 јапонски цреши, од кои веќе 18 се насадени на улицата Максим Горки.

Останатите јапонски цреши, од вкупно 50, ќе никнат на булеварот на Бит Пазар.