Шеваљ Муареми го уапсилe, па го ослободилe во Дубаи


 
Шеваљ Муареми вчера неколку часа поминал во полициска станица во Дубаи, но бил пуштен на слобода. Ова доаѓа откако македонското МВР распиша меѓународна потерница.
 
ТВ21 јавува дека Муареми бил пуштен бидејќи тамошните власти му рекле дека нема доволно докази поради кои може да биде задржан. Против него биле доставен докази од апликацијата Sky, кои истражните органи во Дубаи не ги признаваат за релевантни.

 

За него на 4. март беше распишана меѓународна потерница. Муареми е осомничен како предводник на групата од Грчец која убивала и пренесувала дрога, а беше откриена преку акција потпомогната и од меѓународните истражни институции.