Шесто бебе на Гордон Ремзи


Славниот готвач Гордон Ремзи објави дека го добил шестото дете на 57 години. Тој истовремено кажа дека Џеси Џејмс Ремзи ќе им биде последното дете.

„Три момчиња и три девојчиња. Толку“, напиша Ремзи на социјалните мрежи.

Ремзи е во брак со авторката на книги за готвење Тана Хачесон (49) од 1996 и првото дете го добија пред повеќе од 20 години.

Меѓу оние кои јавно му честитаа на Ремзи е Џејми Оливер, кој и самиот има пет деца.

Покрај тоа што се родители на шест деца, Ремзи и Тана се соочиле и со загуба на бебе, откако таа во 2016 имала спонтан абортус во петтиот месец од бременоста.