Шестмина повредени по излетување на возило на пат кон Попова Шапка

Шест млади лица се повредени при излетување со возило на патот Тетово-Попова Шапка кај селото Лисец. Тетовската полиција информира дека незгодата се случила ноќеска, еден час по полноќ.

-Патничкото моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски таблици, управувано од 19-годишниот Т.Т. од Лисец, излетало од коловозот во близина Лисец. При тоа возачот и петте сопатници во возилото на возраст од 16,18,19 и 20 години се повредени. Тие се пренесени во Тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово

Полицијата извршила увид на местото на сообраќајната незгода.