Шест знаци дека сме пораснале со емоционално насилна мајка


Емоционалната злоупотреба, позната и како психичка злоупотреба, е модел на родителско однесување што кај детето предизвикува емоционално страдање, го оштетува неговото чувство за самопочит и влијае на неговиот емоционален развој. Тоа може да вклучува отфрлање, постојана критика, закани или емоционално запоставување.

Меѓутоа, децата често не знаат како да препознаат дека нивната мајка емоционално ги повредува, а тоа го сфаќаат дури во зрелоста.

Како што објаснуваат психолозите од Very Well Family, децата кои растат со емоционални насилници можеби нема да можат да препознаат злоупотреба бидејќи тоа е сè што знаат. Тие може да се обвинуваат себеси за постапките на нивните родители и да пораснат верувајќи дека не се достојни за љубов или почит.

Емоционалната злоупотреба може да биде длабоко штетна за децата и да има доживотни ефекти кои траат дури и откако злоупотребата ќе престане. Ова се некои од знаците дека сме пораснале со мајка која емотивно ве повредила:

– когнитивни потешкотии како што се тешкотии при обрнување внимание или помнење
– склоност кон депресија и анксиозност
– ниска самодоверба
– склоност кон перфекционизам и задоволување на туѓите потреби
– хронични проблеми со спиењето, како што се несоница или кошмари
– болки во телото кои немаат друга видлива причина и не се ублажуваат со третман.