Шест години затвор за руска новинарка затоа што објави дека е ракетиран театарот во Мариупол


Марија Пономаренко

 

Руски суд ја осуди новинарката на RusNews, Марија Пономаренко на шест години затвор поради ширење лажни вести за руската армија. Судот, исто така, ѝ забрани на Пономаренко да се занимава со новинарски активности на пет години.

Марија Пономаренко беше приведена во април 2022 година. Според истрагата, таа во средината на март објавила „лажни информации“ на Телеграм дека руската војска извршила воздушен напад врз драмскиот театар во Мариупол, „кога од официјални извори, вклучително и Министерството за одбрана на Руската Федерација, оваа информација беше побиена, за која знаел горенаведениот граѓанин“.

Во истражниот затвор Пономаренко се пожали на влошување на психичката состојба и рече дека ги отворила вените. Во ноември 2022 година, новинарката беше префрлена во домашен притвор, кој го одлежа во станот на нејзиниот поранешен сопруг. На крајот на јануари, Пономаренко повторно беше испратена во истражен затвор – откако новинарката се скарала со поранешниот сопруг и заминала од дома во полициско одделение.

Обвинителството побара да го осуди Пономаренко на девет години затвор. Во последниот говор новинарката изјави дека не смета на попустливост, но не се смета себеси за криминалец. „Врз која основа ми се применува воена цензура ако нема војна, ако е во тек специјална операција?“ нагласи таа.