Шест членови на Атлетик Билбао со коронавирус

Шпанија – Атлетик Билбао објави дека шест членови на тимот се позитивни на коронавирус по тестовите вчера.

Не се споменува колку од луѓето се фудбалери и колку од спортско-техничкиот персонал или штаб.

„Лавовите“ утре вечер започнуваат со подготовките за новата сезона. Поради утврдените случаи, тренинзите во почетокот ќе бидат индивидуални.

Сите позитивни примероци се изолирани, а претстојат нови ПЦР-тестови.