Шест болници одбиле да примат пациентка во Софија
Шест болници во Софија, Бугарија, одбиле да примат пациентка која имала тежок облик на Ковид-19, заради што возилото на итната помош три часа кружело низ градот, јавува „Новините“.
Жената, која била приклучена на кислород, примена е дури во седмата болница, наведува бугарскиот портал.
Како што велат од итната служба, тие работат на граница на своите капацитети и ситуацијата се менува од минута во минута.
Во итната помош додаваат дека слични ситуации се случуваат кога болниците немаат повеќе место за сместување нови болни.