Шербеџија го посвети концертот во Битола на Горјан Тозија
Концертот го посветувам на Горјан Тозија-Медо, на тој прекрасен човек кој, за жал, прерано замина, рече синоќа пред битолската публика познатиот уметник Раде Шербеџија.
На целовечерниот концерт доминираа нумери од последниот музички албум „Не свртувај се сине“ на Шербеџија и „Западни колодвор“, но и старите добро познати хитови „Инес“, „Барбара“, „До последен здив“, македонската народна песна „Елено ќерко“ и други.
Шербеџија не пропушти јавно да ја осуди војната што во моментов се води во Европа и изрази жалење за жртвите од војните во кои најчесто страдаат деца.
Гостувањето на Раде Шербеџија и „Западни колодвор“ во Битола предзвика голем интерес во јавноста, а домаќинот на концертот, националната установа Центар за култура Битола, приреди високопрофесионална организација на синоќешниот културен настан.