Шекеринска за вчерашниот протест: Постојат црвени линии што не смееме да ги поминеме


Радмила Шекеринска и Кејт Брнз во Криволак

Наместо осуда за насилството некој во Македонија бара тоа да се оправда, изјави денеска министерката за одбрана, Радмила шекеринска, осврнувајќи се на вчерашнио протест поддржан од опозицијата на кој асе побара ослободување на „уставобранителите“.

„Она што вчера го видов во Скопје е дека партијата што го создаде насилството, дури и вербално не сака да се огради од него. На 27 април 2017 година тоа беа главно наши глави, десеттина, 20, 30 луѓе. Ама ако во општеството и во државата се создава клима дека тоа е ОК и удираат аплаузи на такво насилство, утре ќе биде нечија друга глава, не само нашата. Осудата на насилството мора да биде дел од нашата политичка култура, кој и да бил нападнат, повреден и да бил на чекор до смрт“, рече Шекеринска во Криволак за време на посетата на воениот полигон заедно американската амбасадорка Кејт Брнз.

Шекеринска, која и самата беше повредена во главата и заврши во болница рече дека „Може да се разликуваме за политиката од нула до 100, можеме секој ден да имаме различни ставови во парламентот и јас тие различни ставови секој ден ги почитувам, ама има црвени линии што не смееме да ги поминеме и заради нас и заради нашите деца. Очекувам од сите пристојни луѓе, кои верувам и сакаат добро на нашата татковина, да ја нацртаат својата црвена линија и во рамки на своите партиски органи. Извинете ако сум малку емотивна, но многу луѓе тој ден беа навистина на чекор до смртта“, рече Шекеринска.