Шекеринска за Дурловски: Влезе во Собранието да ме убие, а сега се плаши да дебатира со мене

Носителката на СДСМ во Пететата изборна единица, Радмила Шекеринска, уште еднаш беше сама на дебата, затоа што нејзиниот главен ривал, Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ не се појави. „Јас не умирам од желба да дебатирам со човекот кој влезе во Собрание да ме убие, но тука доаѓаме за граѓаните, а противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, кој не се појави, тоа не го направи прв пат“, рече Шекеринска во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал5.

Според неа, Дурловски бегал од секаде каде што може да добие прашања, „а нивниот слоган ‘Исправи се Македонијо’, значи гордост, чест, храброст, но тие доблести не ги дава кај своите носители. Тоа покажува дека ВМРО-ДПМНЕ ниту педа не се променил од тоа што го гледавме до 2016“, рече Шекеринска и потсети дека Груевски не учествувал во ниту една дебата со своите политички ривали.

Таа додаде дека ова покажува едно нешто, дека ВМРО-ДПМНЕ си го крие својот кандидат, кој очигледно единствен начин да дебатира му е да испрати луѓе за тепање. Ова го потврдија и луѓе од ВМРО-ДПМНЕ дека тој и уште еден за хушкање за насилство барале и добиле 200.000 евра, тие што ги сскаа тие избегаа и земаа пари.

Тоа е истото кукавичко однесување, кога некој друг треба да ја заврши валканата работа, а тие ќе бегаат од соочување и од дебати не само со противници, туку и со граѓани и медиуми, порача носителката на листата на коалицијата „Можеме“ во петата изборна единица, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

Според Радмила Шекеринска понудата на ДУИ за Албанец премиер е пуштена петарда и никој во ДУИ реално не навива и работи Зибери да стане премиер.

„Секојпат кога човек ја вади етничката карта, знајте дека ништо друго нема да ви понуди. После толку избори, се виде дека луѓето сакаат нешто конкретно, што создава решенија. Оние што им нудат рециклирани национализми, апла велат дека немаат што да им понудат. Ние посветуваме 10 минути на тема која не постои. ДУИ пуштил петарда и ние сега треба да го гледаме чадоткој нема суштина. Сакате да ми кажете дека било кој во ДУИ реално навива и работи Зибери да биде премиер? Место да дискутираме во кампањата за суштински работи, ние зборуваме за тема којашто ни ја фрлила една партија“, рече Шекеринска.