Шекеринска: Стоп за насилството врз жените


Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска од родното село на својата баба, Кичиница во Мавровско, испрати порака против насилството врз жените.

Таа се обрати до сите жени во земјава, посебно до оние кои се жртва на која било форма на насилство.

„Најважните животни лекции ги научив од најсилната жена која ја познавам, велеше во сите нас има сила и добрина. Не правеше разлика помеѓу своите внуки и внуци. Мислев дека лекциите од мојата баба Љиљана ги научиле сите, дека сите имаме право на среќа, на живот на еднакви шанси во животов. Во 21. век имаме опозиција (ВМРО-ДПМНЕ) која мисли дека светот не припаѓа еднакво на жените. Не потрошија ни еден збор за женските права и женската рамноправност. Партија која молчи на сите примери на насилство кон жените. На 15 јули очекувам силна поддршка од сите жени и мажи кои вистински веруваат дека соработката а не насилството е решение“, рече Шекеринска.