Шекеринска: Ова ќе биде двојна историска година – и членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ


Фото: Б. Грданоски

Кампањата зависи од учесниците и никој не може да зборува за другите. Нашиот став, нашите политики и навики во целиот изминат период биле да покажеме дек нашата држава може да организира фер и демократски избори и тоа веќе го направивме и на претседателските и на локалните избори, ја извадивме државата од групата на земји во кои сите избори беа доживувани како фарса. И тоа првата наша обврска и втората обврска како учесници во кампањата е да го почитуваме тоа што сме го потпишале и тоа ќе го правиме.

Ова го истакна заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во „Само вистина“ на ТВ Канал 5 дали кампањата ќе биде валкана и покрај потпишаниот Кодекс за фер кампања.

Во оваа кампања, рече Шекеринска, како што ги слушате и настапите на нашите претставници, фокусот е што сме имале како проблем, што сме решиле од тие проблеми и што планираме да решиме во следните четири години.

– Имаме резултатие со кои можеме да се пофалиме, но и доблести во кои повеќе треба да сработиме. Целта ќе ни биде што е можно подиректно, со целосно почитување на мерките за заштита да допреме до што е можно поголем круг луѓе, но нема да играме со здравјето на граѓаните. Ќе водиме сметка за големината на собирањата, средбите да бидат многу мали и сите мерки за безбедност да бидат превземени. Тоа ќе го почитуваме, оти ова не се нормални избори, ова ќе бидат избори во сенка на пандемијата што го зафати цел свет, рече Шекеринска.

Во однос на нејзиниот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски во Изборната едниница 5, Шекеринска смета дека тоа е одлука на ВМРО-ДПМНЕ што зборува дека некои лекции од минатото не се научени во врска со, како што рече, насилството од 27 април, со лагите и дезинформациите и злобата што се фрли кај народот. – Но, тоа е одлука во која јас не можам да се мешам, рече Шекеринска.

На прашањето кога ќе почнат преговорите со ЕУ, односно кога ќе биде првата меѓувладина конференција Шекеринска најави дека ова ќе биде двојна историска година – и членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, потсетувајќи дека на 27, односно 30 март Унијата донесе одлука за почеток на преговорите со нашата земја.