Шекеринска: Ние сме пример на Западен Балкан, резулатите се гледаат и постои политичка волја за напред


Според кажувањето, не само од Вашингтон, туку од најголемиот дел од главните градови на ЕУ и од ЕК, ние сме тие кои одиме наспроти ветрот. Во една ситуација во која има сериозни проблеми и во некои делови и уназадувања на Западниот Балкан, ние се спомнуваме како пример што е спротивен, каде резулатите се гледаат и каде постои политичката волја.

Ова денерска го изјави вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на заменик на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Брајан Хојт Ји.

Таа потсети на прес-конференцијата на ОБСЕ/ОДИХР што се одржа на денот по изборите. Според нив, претседателските избори поминаа на најдобар можен начин, без било какави инциденти, со дефинитивно еднакви услови за сите кандидати.

– Покажаа дека кога има политичка волја веднаш се гледа резултатот. Ние такви резултати покажавме прво на прашањето на изборите, медиумите, во делот на решавање проблеми со соседите, решавање на политичките проблеми внатре, па и прашањето на јакнење на институциите. Вчерашната прес-конференција и извештај од Државната комисија за спречување на корупцијата покажа дека имаме институции што се независни и тоа само исклучиво како резултат на политичка волја да им се даде силен мандат, да се изберат независни личности и да не им се прави притисок, рече Шекеринска по акцијата за садење на 150 садници во близина на кејот на реката Вардар, како дел од акцијата за борба против аерозагадувањето и заштитата на животната средина.

Шекеринска потсети како порано изгледале поранешните ДКСК, а како изгледа сега.

– Тогаш Државните комисии за спречување корупција беа само инструмент за да се нападне опозицијата, сега притисокот секогаш прво е на власта. И тоа покажува дека нашата држава не бара преговори и не очекува преговори по почетокот на скринигот затоа што мислиме дека некој ќе не почести, туку затоа што ние за разлика од многу други земји во регионот тоа го заслуживме, рече Шекеринска.