Шекеринска: НАТО нѝ помогна да се подготвиме за корона вирусот


Од НАТО научивме дека од многу зборување, а не работење не се добива ништо, ние сработивме и честитки до сите за овој успех, одговори министерката за одбрана Радмила Шекеринска на новинарско прашање „дали мисли дека е несоодветно додека сите очи се вперени во пресовите на Владата, да се промовира членството во НАТО“.

-Се соочуваме со голем предизвик, но ова е момент кога треба да кажеме и дека нешто заеднички, како држава, сме постигнале. Лекциите кои сме ги научиле од тој успех треба да ги примениме и овде. Додека ние овде зборуваме имаме наши мировници кои се во Авганистан, Либан, Босна.., нивната жртва да не бидат со своите дури во вакви моменти била влог за да станеме членка на НАТО. Денеска треба нив да им честитаме, дека благодарејќи на напорите на над 4.000 како нив, денеска можеме да си признаеме успех, истакна Шекеринска.

Министерката потенцираше дека токму  првите консултации кои ги правел НАТО на  тема корона вирус ни помогнаа да ги преземеме првите радикални мерки како држава и дека благодарение на опремата на Алијансата нашите војници кои се упатиле да ја обезбедуваат границата во кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа го дезинфицирале просторот.