Шекеринска и Османи на видео состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО 


Министрите за одбрана и за надворешни работи Радмила Шекеринска и Бујар Османи ќе учествуваат на видео состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на кој се поканети министрите за одбрана и за надворешни работи на земјите членки на НАТО, соопшти Министерството за одбрана.

На состанокот ќе земат учество и американскиот државен секретар Ентони Блинкен како и секретарот за одбрана Лојд Остин, кои допатуваа во Брисел на средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тема на состанокот се заедничките приоритети на НАТО сојузниците во глобалната безбедност, Авганистан, руските активности насочени кон Украина, и други прашања за кои земјите членки ќе одржат вонредна рунда консултации.