Шефот на НАСА предупредува: Ќе слетаат пред нас и ќе речат дека е нивна територија


 

САД се во вселенска трка и постои ризик дека Кина ќе одлучи да побара дел од Месечината како своја територија, вели шефот на НАСА, Бил Нелсон.

Тој вели дека на Американците подобро им е да внимаваат на Кина, која користејќи изговор за научно истражување, може да заврши со база на Месечината.

Неслон стравува дека кинеските претставници ќе речат: „Тргнете се од ова место, ние сме овде, ова е наша територија“. Сега се надева дека Американците први ќе стигнат на Месечината, но нагласи дека датумот на кинеското слетување е сè поблиску“, пренесе Политико.

Инаку, шефот на Роскосмос, Јуриј Борисов најави потпишување меѓувладина спогодба меѓу Русија и Кина за научна лунарна станица. Од 2011 година САД ја исфрлија Кина од проектот за истражувања во вселената во која е вклучена НАСА.

Нелсон вели дека САД во оваа индустрија веќе се натпреварува со Кина.

„Подобро да се погрижиме да не дојдат први до некои области најбогати со ресурси под маската на научно истражување“, вели Нелсон. Истовремено наговести, дека стекнувајќи утврдување, Кина нема да ги пушти Американците на „нивните“ лунарни територии.

Како аналогија, шефот на НАСА укажа на ситуацијата во Јужното Кинеско Море, каде кинеската војска воспостави бази на спорни територии.

На 25 декември, Кинеската воздушно-вселенска научна и технолошка корпорација, објави дека астронаутите ќе слетаат на Месечината до 2030 година, а 2030 година ќе биде воспоставена меѓународна станица за истражување на Месечината, Меѓународна лунарна истражувачка станица предводена од Кина.

Порано воениот политиколог, вонреден професор за политички анализи на Рускиот економски универзитет „Плеханов“, Александар Перенџиев, рече дека Русија и Кина имаат заеднички интереси во развој на космичките активности, како и конкуренција со САД.

„Ако нашите земји не настојуваат што побрзо да дојдат до Месечината и завладеат со неа, САД ќе го направи тоа, а ние ќе дојдеме на окупирано место“, предупреди тој.