Шефот на грчката дипломатија во посета на САД


Грција– За прашањата од билатерален, регионален и меѓународен интерес денеска ќе разговараат шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и неговиот американски колега Мајк Помпео за време на нивната средба во Вашингтон, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција.

Дендиас ќе биде во дводневна посета на САД, а ќе оствари средби и со советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џон Болтон, со сенаторот Боб Мендез, ќе учествува на министерската конференција за унапредување на верската слобода што ќе се одржи денеска и утре во Вашингтон, а ќе биде дел и од тркалезна маса на тема протерување на христијаните од Блискиот Исток и заедно со архиепископот Елпидофорос и претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот, Нанси Пелоси, јави дописничката на МИА од Атина.

За претстојната посета и средбите во САД, како и за резултатите од состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ, одржан во понеделникот, министерот за надворешни работи на Грција вчера го информираше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер средбите на Дендиас во Вашингтон се „со цел да се прошират стратешките односи Грција – САД.