Шефот на делегацијата на ЕУ: Состојбата во мигрантскиот камп во БиХ е неприфатлива
Шефот на Делегацијата на ЕУ и специјален претставник на ЕУ и БиХ амбасадор Јохан Сатлер вели дека ситуацијата во мигрантскиот камп „Липа“ кај БИхаќ е потполно неприфатлива.
Предупреди дека сериозно се загрозени животите и основните човекови права на неколку стотини луѓе.
„Босна и Херцеговина е потпсничка на меѓународниот инструмент за човекови права и мора да ги исполни своите обврски, како земја која се стреми кон членство во ЕУ“, рече Сатлер на состанокот со министерот за безбедност на БиХ Селма Цикотиќ, соопшти Делегацијата на ЕУ во БиХ.
На состанокот присуствуваа и австискиот амбасадор Улрике Хартман, германската амбасадорка Маргарет Уебер и италијанскиот амбасадор НИколо Минасие.
Разговарале за итно решение за исклучително загрижувачката ситуација во Унско-санскио кантон, посебно на подрачјето на „Липа“.
Сатлеј наведе дека ангажирањето на оружените сили на БиХ, кои обезбедија неопходни шстори за привремено засолниште за мигрантите бил потребен чекор.
„Но, властите мора итно да делуваат, посебно во обезбедувањето приклучок за вода и електрична енергија на локалитетот на рпивремениот камп. Основните животни услови секогаш треба да се обезбедени“, вели тој.
Вели дека е потребно и долго решени за сместување на мигрантите, а амбасадорите ги повикаа властите што побрзо да обезбедат потполно опремување на кампот на првобитнаталокација на „Липа“.
Истакнаа дека достапна е финансиската поддршка која ја обезбедија.
Нагласуваат дека кампот „Бира“ повтроно треба да се отвори барем додека не се оспособи кампот „Липа“.
„Дополнителни итни операции исто така треба да се разгледаат“, велат од Делегацијата.
Амбасадорите сметаат дека мигрантите треба да се распределени рамномерно на територијата на целата земја и да се обезбедат достоинствени услови за живот на мигрантите, како и да се осигура безбедноста на граѓаните на БиХ, од друга страна.
„ЕУ пружа значителна помош во износ од 85,5 милиони евра за да ѝ помогне на БиХ да ги исполни своите хуманитарни одговорности и да им пружи помош на мигрантите и бегалците во земјата“, се заклучува во соопштението.

Армијата вчера намести воени шатори вчера во капмот „Липа“, но некои мигранти не сакаат да влезат во нив, велејќи дека немаат основни услови за живот во овој камп.
Денеска одбија и храна.
Мигрантите требаше да го напуштат кампот „Липа“, кој Меѓународната организација за мигранти (ИОМ) го расформира пред неколку дена.
Требаше подрачјето да го напуштат пред Нова година, но тоа не се случи, затоа што не се преместени во Брадина во поранешната касарна, поради противење на мештаните и влатите на Херцеговско-неретванскиот кантон.
Не се преместени ни во кампот „Бира“ во Бихаќ, поради противење на властите на Унско-санскиот кантон.