Шефот на Барса потврди: Не го сакаме веќе Гризман!

Претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу потврди дека клубот нема намера да го привлекува Антоан Гризман во текот на летото.

– Ги сакам сите големи играчи од Ла Лига во Барса, но ние нема да го земеме Гризман ова лето. Не бев разочаран од одлуката да ни откаже, тоа беше негов избор. Ако ни каже дека веќе сака да дојде, прво ќе разговараме со тренерот, но засега Гризман не е меѓу нашите цели, изјави Бартомеу.

Французинот беше договорен минатата година, па дури и преговарал за неговата плата. Сепак, во последната минута се повлекол од својот усен договор и го продолжи договорот со Атлетико Мадрид.

Пред неколку дена се појави информација дека лидерите во соблекувалната на Барселона веќе не го сакаат Французинот и ги информирале шефовите за својата одлука.