Шефот на американското разузнавање поднесе оставка


САД – Шефот на американското разузнавање Даниел Коутс поднесе оставка. Според Си-Ен-Ен, Коутс заминува од функцијата на 15 август.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја потврди информацијата за оставката на Коутс.

Поранешниот сенатор од Индијана беше 16 години во Сенатот и амбасадор во Германија (2001-2005). Во 2014 година како дел од одговорот на Кремљ на санкциите на САД и ЕУ заради акциите во Украина, Коутс беше еден од неколкуте членови на Конгресот кои добија забрана за посета на Русија.

Републиканецот Џон Ретклиф од Тексас се споменува како потенцијален заменик иако досега нема официјална одлука.