Шефот на „Амазон“ најави нови 9.000 отпуштања во порака до вработените


„Амазон“ ќе подели уште 9.000 отпуштања, напиша денеска извршниот директор на компанијата Енди Џеси во порака до вработените.

Кога денешната порака ќе се додаде на претходната рунда отпуштања, која започна во ноември и траеше до крајот на јануари, кога вкупно 18.000 луѓе останаа без работа во гигантот за е-трговија се доаѓа до фрапантна бројка од вкупно 27.000 затворени работни места.

Раководството на „Амазон“ ја донесе оваа одлука за да ги намали трошоците. Енди Џеси во изјавата пред компанијата рече дека ги земале предвид финансиите, како и „неизвесноста што постои во блиска иднина“, јавува „Си-Ен-Би-Си“.

Компанијата штотуку ја заврши втората фаза од својот годишен процес на планирање на буџетот, внатрешно наречен „OP2“.

„Главниот принцип на нашето планирање оваа година е да го направиме тоа на начин што ни овозможува да продолжиме да инвестираме многу во долгорочна лојалност на клиентите, што веруваме дека може значително да го подобри квалитетот на животот на нашите потрошувачи“, посочи Џеси .

Кратењата на работните места ќе бидат концентрирани во клауд единиците, како и заединиците за рекламирање и „Твич“.