Шеф на фирма за вработување: Компаниите нема да нудат работа за постојано, туку шанса за учење


Фото: Б. Грданоски

Компаниите на потенцијалните работници,  сѐ почесто им нудат прилика за стекнување нови знаења, а не работа на подолг рок, ако се земат во предвид технолошките промени во поспандемискиот свет, вели директорот на американската фирма за вработување „ManpowerGroup“.

„Работодавачите нема да ветуваат работа на рок од 15 години. Но, ќе ви ветат дека кога ќе се придружите на компанијата, ќе развиете вештини кои ќе ја зголемат вашата вредност и конкурентност во потрагата за идна работа“, вели Џонас Присинг за „Ројтерс“ во интервју објавено во петокот. 

За дваесет години стекнување нови вештини на работното место ќе биде правило, прогнозира шефот на компанијата за посредување при вработување.

„Флексибилноста ќе биде на ниво какво што не можеме да замислиме“, тврди Присинг.

Пандемијата разоткри и го потенцира недостигот на работници кои знаат да возат, забележува тој, додавајќи дека технологијата ги менува барањата на компаниите за потребни вештини.

„Тоа е проблем со кој организациите, стопанството и пазарот на работа ќе мора да се фатат во коштец на подолг рок“, вели, додавајќи дека недостигот на потребни вештини може да се влоши во иднина, ако работните места не се прилагодат.

МanpowerGroup работи во повеќе од 75 земји и вработува 600.000 работници дневно.