Шатори пред владата во Бугарија до оставки


 

Демонстрантите кои протестираат против бугарската влада во четвртокот поставија шатори на гравната крстосница и пред здрата на владата.

Најавија дека центарот на Софија ќе биде блокиран додека владата на премиерот Бојко Борисов не поднесе оставка.

Неколку илјади главно млади Бугари секојдневно се собираат во СОфија од почетокот на јули, обвинувајќи го Борисов, кој е на премерската функција веќе три мандати, дека не се борел против ендемската корупција која го намалува владеењето на правото и корист на моќните локални тајкуни, пренесува Ројтерс.

Демонстрации се одржуваат и во други поголеми градови. Борисов (61) кој доминираше со политиката во Бугарија во последната деценија, вети дека ќе остане на власт до следниот март, кога треба да се одржат редовни избори.

Под слоганот „Извинете за непријатностите, земјата се поправа“, десетици демонстранти седеа на смени пред 10 шатори блокирајќи го сообраќајот во центарот на Софија, која има два милиони жители.

Два големи шатори и летни шатори го блокираа централниот приод на зградата на владата, каде илјадници луѓе се собираат 22 вечери по ред, барајќи смена на главниот обвинител.