Шасивари очекува СДСМ да дојде на преговорите за Изборниот законик


Министерот за правда Јетон Шасивари, по средбата на преставниците на политичките партии за новиот Изборен законик изрази очекување дека на следната средба – ќе дојде и СДСМ, која сега го бојкотираше состанокот правејќи го исходот нерелевантен бидејќи овој закон бара политички консензус.

„Инициравме отворен,сериозен и конструктивендијалог со уверување дека со меѓусебна дискусија, аргументирано дебатирање и конкретни предлози може да постигнеме напредок во изборното законодавство“, порача Ѓасивари по состанокот. Според него, ова законодавство е темел на довербата на граѓаните во демократски институции и затоа неговата покана до партиите да учествуваат во неговото усогласување не била „покана за политичко надмудрување, туку за институционална одговорност“.

„Изборниот законик не е сопственост ниту на една политичка партија, ниту на власта, ниту на опозицијата“, пораша Шасивари додавајќи дека сите политички чинители имаат обврска да рзговараат, а разликите не смеат да бидат пречка за унапредување на изборниот систем.

„Нашата задача е да изградиме изборно законодавство што ќе биде стабилно, предвидливо, транспарентно и усогласено со европските стандарди и релевантни препораки на ОБСЕ и ОДИХР. Оваа реформа ги надминува дневнополитичките интереси и ги интересира сите граѓани.Граѓаните имаат право на изборни правила што не се креираат според моментниот политилки интирес туку според принципи што обезбедуваат фер и транспарентен изборен процес. Евроинтеграцијата не е само политичка декларација туку значи и реформи, силни институции и владеење на правото еднакво за сите“, порача Шасивари.

Тој најави скорешна средба со лидерот на СДСМ Венко Филипче за да им даде втора шанса на преговорите.

„Сметам дека изборниот процес и реформата на изборното законодавство се прашања за кои е потребен широк политички и институционален консензус. Затоа, во наредниот период ќе побарам средба со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со цел директно да разговараме за отворените прашања и да најдеме начин процесот да продолжи. Очекувам СДСМ да се приклучи на следниот состанок на работната група и да даде свој придонес во реформата“, порача Шасивари.

Носењето на нов Изборен законик е услов на ЕУ од Реформската агенда и рокот истекува наскоро. Од европски извори исто така се дознава дека Владата подготвува избори што ќе се случат во април така што новите правила, особено за исклучувањето на Левица и други партии од финансирањето и рекламирањето, е неодржливо на долг рок и бара итно решение.

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека се согласиле како партија да дадат втиора шанса за преговорите, иако СДСМ ги бојкотира на два начина – со недоаѓање и со поднесување над 9.500 амандмани.
Тој сметаше дека свеста кај СДСМ треба да биде поголема бидејќи Изборниот законик се усвојува со консензус.

Тој рече дека немаат проблем да разговараат за Изборниот законик во било кој формат, па и без СДСМ, но прашањето според него е која е целта, имајќи в предвид дека имаат 18 пратеници и добро е да учествуваат во преговорите. „Ако сакаме да донесеме Изборен законик според препораките на ОБСЕ и ОДИХР тогаш имаме проблем ако на масата не е тој што поднел 9.500 амандмани, како и тие над пет илјади од Левица“, порача Милошоски.

Тој повтори дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена тоа што ќе го договорат во опозицијата (СДСМ, ДУИ и Левица) околу предизборното финансирање на партиите да го прифати, но јасно кажа дека не отстапуваат од гласањето на дијаспората – без разлика дали ќе биде електронско, по пошта или било кој друг начин.

Преставничката од ЗНАМ, Весна Бендевска, ја обвини СДСМ дека како партија го изгубила демократскиот капацитет и дека ова и било последна шанса да го поправи тоа, за да има лице да критикува за заглавеност на реформите. Таа рече дека ако на идниот состанок повторно не дојде СДСМ, губи смисла постигнувањето консензус бидејќи, според Деловникот во Собранието, таа може повторно да го блокира процесот.

„На Република Македонија и треба законско решение што преставува услогласување со европското право“, рече Весна Бендевска.

Борислав Крмов од Левица рече дека ова е политички трик на СДСМ за да ги остават нив повторно без пари за рекламирање, порачувајќи дека не се тука дојдени сепак за обезбедување пари туку за фер третман на изборите. Тој рече дека како Левица биле против онлајн гласање, но остануваат отворени за некое гласање по пошта, иако знаат како функционира „Македонска Пошта“.

Изборниот законик заглави откако ВМРО-ДПМНЕ постави црвена линија – дијаспората да гласа електронски или по пошта што, пак, е неприфатливо за СДСМ. Во зависност од тоа дали ќе продолжат разговорите на работната група за Изборниот законик, ќе зависи и радикализацијата на партијата во Собранието, која веќе ја најавија претходно.

„Дали ќе се радикализираме во Собранието ќе зависи од исходот од средбата. Јас се надевам дека разговорите за изборното законодавство ќе продолжат. Ние остануваме на нашите позиции за една изборна единица и за фер третман при финансирањето на изборната кампања. Ако разговорите пропаднат, тогаш ќе поднесеме измени на Изборниот законик за укинување на платеното политичко рекламирање, бидејќи и тоа е фер третман. По ова ќе следи предлог за една изборна единица, како и други предлози“,  најави пред состанокот координаторот на пратеничката група на Левица Борислав Крмов.

Според него, ако не биде прифатен нивниот предлог за фер распределба на парите за рекламирање, ќе следува радикализација на партијата во Собранието.