Шарл Мишел е во карантин


 

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел е во карантин поради близок контакт со лице заразено со корона вирус.

Мишел стриктно се придржува до пропишаниот протокол, соопштија од Брисел.

Порано од кабинетот на претседателот на Европскиот совет соопштија дека Мишел бил во контакт со службеник од обезбедувањето кој е позитивен на корона вирусот, односно се возеле во ист автомобил.

Поради карантинот, Мишел мораше да го откаже самитот на ЕУ лидерите планиран за 24 и 15 септември во Брисел со кој треба да претседава.

Портпаролот на мишел вели дека тој бил тестиран последен пат во понеделникот и дека резултатите биле негативни, а сега се чека втор тест.

Самитот на ЕУ лидерите одложен е за 1 и 2 октомври.

Од кабиентот на Мишел не коментираат за можниот ризик на кој биле изложени премиерот на Грција мицотакис и претседателот на Кипар Анастасиадес со кои Мишел се сретна претходните денови.