„Шанса за Центар“ ги собра потписите за учество на локалните избори


Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ успеа да ја добие потребната поддршка за учество на претстојните локални избори со својата листа на кандидати за советници за Општина Центар.

„Потребните 250 потписи од граѓани успеавме да ги собереме за неполни 48 часа“, соопштија од иницијативата, заблагодарувајќи им се граѓаните кои им ја дадоа поддршката.
Носител на советничката листа е Јана Белчева – Андреевска, а листата кандидати за советници на Шанса за сите ја сочинуваат следните личности:

1 Јана Белчева – Андреевска
2 Дивна Пенчиќ
3 Јане Димески
4 Владимир Огњановски
5 Биљана Филиповска Тодорчевска
6 Доротеј Нешовски
7 Ангел Мојсовски
8 Светлана Карбевска
9 Наташа Колеќевска Георгиевска
10 Зоран Никодинов
11 Кирил Сотировски
12 Ивана Драгшиќ
13 Дарко Радуловиќ
14 Даница Павловска Циги
15 Ивона Татабитовска Колевска
16 Марија Шишовска Трајковска
17 Милева Златановиќ
18 Божидар Кочоски
19 Гала Насева
20 Тони Левајковиќ
21 Александар Апостолски
22 Петар Бошевски
23 Љубица Иваноска

„Нашите кандидати ќе бидат целосно претставени наскоро на нашата Фејсбук страница, која е нашиот главен канал за комуникација со јавноста“, се вели во соопштението до медиумите. 
„Шанса за Центар“ е граѓанска иницијатива која произлезе од поврзувањето на Здравје пред профит со повеќе жители, активисти и експерти од различни областа кои сакаат да го спречат натамошното уништување и да се вложат за подобрување на животот во нашата општина.

„Како независна граѓанска листа ќе се бориме Центар да добие нова шанса, како општина по мерка на граѓаните, каде политиките се кројат транспарентно и според факти, а квалитетот на живот е појдовен принцип на размислување и делување“, велат од оваа граѓанска иницијатива.