Шанел ги освои богаташите во Дубаи- новата црно-бела крузерска колекција раскажува филмска мода


ОАЕ – Гламурозно модно шоу во контраст со рустикалната едноставност на поканите, врвна мода на писта и уникатен декор за забавата по ревијата- во стилот на  француското село и манастирот од детството на легендарната Коко Шанел, основачката на брендот.

Легендарниот француски бренд Шанел привлече мноштво гости од цел свет-Либанци, Французи, Кинези, Корејци и славни личности како Пенелопе Круз за да ја погледнат најновата крузерска колекција на ексклузивната ревија во Дубаи дефинирана со остри двобојни парчиња инспирирана од легендарната, Габриел „Коко“ Шанел и нејзиното пријателство со францускиот режисер и визуелен уметник Жан Кокто. Поточно, колекцијата црпеше инспирација од црно-белиот искуствен филм „Кокто“ режиран во 1960 година. На забавата по ревијата, изненадување беше настапот на поп-ѕвездата Џон Леџенд. 

Ова е втор пат Шанел да одржи ревија за една од своите колекции за крстарење во Дубаи, глобален центар и шопинг мека што ги повикува љубителите на модата да се облекуваат најдобро во секое време од денот, без грижа дека некој ќе ги погледне по втор пат заради својот гламур.

Колекцијата Chanel Cruise 2021/22 на креативната директорка Вирџини Виард првпат беше претставена виртуелно во мај поради пандемијата на коронавирус, но за прв пат беше прикажана пред публиката во живо во Дубаи. Сите присутни гости мораа да докажат дека се вакцинирани или да покажат негативен корона тест.

Реди ту виар колекцијата ја отсликува модерната и панк сензибилноста на ерата со парчиња кои се одликуваат со кожа, реси, мониста, светки и парчиња од костимите од твид на Шанел. Неколку од чантите од колекцијата, исто така, вклучуваа реси, како и редефинирани детали за суштинскиот црна кожа со ватиран стил на брендот. (АП)