Шаленберг: Европската дебата за реформи пред проширување е ѓубре
Австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг е разочаран од однесувањето на Европската унија во врска со проширувањето на унијата со земјите од Западен Балкан. Тој вели дека дебата што се води во унијата за реформите пред проширување е ѓубре и дека нема пречки земјите од Западен Балкан да станат членки.
„Ако чекаме до 2040 година, ќе го загубиме регионот. Тоа е многу јасно. Мора да бидеме многу побрзи, Солун беше пред 20 години. Почнавме дебата за реформа на Европската унија, треба да се продлабочиме пред да може да се прошириме. Тоа е ѓубре. Го направивме тоа во Лисабон. Имаме сè. Ние сме подготвени точно за сценариото на зачленување на Западниот Балкан во ЕУ“, рече Шаленберг на конференцијата „Глобсек“ во Братислава, Словачка.
Истовремено, тој предупреди дека ЕУ со својата неактивност им дозволува на други земји да влезат во регионот, а резултатите од тоа нема да им се допаднат на земјите членки на ЕУ.
„Ова не е задниот двор на Европа, тоа е нашиот централен терен. Опкружен е со земји членки, што повеќе ви треба. Затоа и јас почнав да го нарекувам регионот Југоисточна Европа, место Западен Балкан, затоа што има друга конотација. Пред 20 години им ветивме во Солун дека сите земји имаат перспектива да ѝ се придружат на ЕУ и каде сме 20 години подоцна. Равенката е едноставна, или ќе успееме да го извеземе и забетонираме засекогаш нашиот модел на живот или ќе бидеме соочени со други модели на живот, кинески, турски, руски, какви било, но тоа нема да ни се допадне. Можеби е време да ги отвориме учебниците по историјата. Ако немаме долготрајни стабилност и просперитет во Југоисточна Европа, нема да имаме стабилност во Средна Европа. И ние знаеме од историјата од претходните 200 години што се случува кога нема стабилност во Средна Европа. Во наш интерес е да инвестираме таму, треба да сме луди да им дозволиме на други земји да влезат таму“, кажа австрискиот министер.
Шаленберг зборувајќи дали проширувањето на Европската унија е вратено на траката или е на опашката, рече дека проширувањето е претворено во легалистички и бирократски процес, во нешто во што ништо не е готово дедека не е готово, до секоја запирка, дел од европското законодавство. Сепак тој во Украина и состојбата со која се соочува сега Унијата може да биде лансирната ракета за Југоисточна Европа и за Западниот Балкан.
На панелот говореше и македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи, според кого главна закана за европската аспирација во регионот е фрустрацијата од недостижноста, чуството дека членството е подвижна мета и секој самит да биде нова математика кога тоа ќе се случи.
Притоа тој излез гледа во достижноста на Унијата, поточно, наместо крајни рокови за членство фокусот на општествата да се држи на она што моиже да се добие како придобивка за една година, односно да се зголеми достапноста на европските политики каде земјите можат да станат дел од нив пред членството, се тоа следено со финансиска поддршка.О смани на панелот укажа дека поддршката за ЕУ во земјава од 91 процент се намалила, во некои анкети, на 59 проценти.