Шаќири: МИОА е главниот субјект во креирањето на политиките за е-владеење


Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска беше дел од работилницата „Дигитална трансформација, податоци и вештачка интелигенција во Западен Балкан“, чија цел е да го истражи влијанието на дигиталните технологии, податоците и вештачката интелигенција врз нашите општества.

-Министерството за информатичко општество и администрација е главниот субјект во креирањето на политиките за е-влада и ги води напорите за дигитална трансформација на општеството, во согласност со директивите и политиките на ЕУ. Платформата за интероперабилност, Централниот регистар на население и Националниот портал за електронски услуги се едни од најважните достигнувања, истакна во својот говор министерот Шаќири.

Тој додаде дека МИОА го завршило процесот на консултации со сите засегнати страни и добило коментари за националната ИКТ стратегија, која е во фаза на адаптација.

-Со ова, сите засегнати страни ќе можат кохерентно да работат на патоказот за дигитализација, со кохерентни чекори и акциски план, рече меѓу другото Шаќири.

Министерот нагласи дека во текот на оваа година, МИОА постигнало многу резултати, како што е зголемувањето на бројот на електронски услуги, 40 услуги во Националниот портал за електронски услуги и 136 други се во процес на развој.

-Фокусот во 2022 година ќе биде дигитализација на што повеќе услуги во земјоделството. Моментално Системот за управување со документи го користат 20 институции, а во овој систем се очекува да бидат вклучени уште 200 институции, со што нашата државна администрација ќе функционира целосно без хартија, рече Шаќири.

Тој изрази надеж дека работилницата ќе биде корисна за сите учесници.

-Заедно и со кохерентна работа, нашата земја ќе оди напред и ќе се подобрува нашиот животен стандард, го заврши својот говор, министерот Шаќири.