Шаќири: Имало пополаки за врсничко насилство, а од училиштата не реагирале
Мислам дека во проценката на МВР е дека некои безбедносни активности ќе се зајакнат. Една од препораките беше сите родители да се запознаат со кривичниот законик, каде што имаме одговорност во начинот, пред и после наставата, одговорноста до одредена година спаѓа и кај родителите. МВР во сите ситуации со службите во наредниот период ќе изработи препораки кои ќе бидат повнимателни во делот на безбедноста, изјави денеска министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.
Како што информираше, на и-мејл адресите на кои може да се пријавува насилство во училиштата, досега се стигнати повеќе од 20 пораки.
Министерот рече и дека имало поплаки во однос на училишта кои не реагирале во случај на булинг.
-Пријавено е два-три пати и од страна на училиштето не е проценето дека треба да се пријават. Има и такви ситуации, обелодени Шаќири.