Шакира потврди дека се разделува од Пике


 

Колумбиската пејачка Шакира и шпанската фудбалска ѕвезда Жерард Пике ја прекинаа својата 12-годишна врска, потврдено е во соопштението коие го објави комуникациската агенција на пејачката.

Во кусото соопштение потврдени се шпекулациите на шпанските медиуми кои први јавија за можни проблеми на двојката.

„Жал ни е што потврдуваме дека се разделуваме. За добробитта на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, ве молиме да ја почитувате нивната приватност. Ви благодариме на разбирањето“, порачаа.

Двојката, чија врска почна во 2010 година, има два сина, Милан и Саша.

До раскинувањето дојде по наводите дека фубалерот на Барселона ја изневерил пејачката со 20-годишна хостеса.

Објавено е дека тие не живеат заедно веќе неколку седмици откако Пике бил исфрлен од нивната заедничка куќа.

Според шпанскиот медиум „Ел Периодико“, тој престојува во станот кој го поседувал пред да стапи во врска со Шакира.