Шајк убедливо поубава од Амброзио и Ратајковски


За Ирина Шајк последниве неколку седмици беа тешки откако раскина со холивудскиот глумец Бредли Купер. Но, 33-годишната манекенка тукушто е прогласена за најдобар модел за костими за капење во светот. Таа се наоѓа на врвот на листата пред Алесандра Амброзио и Емили Ратајковски.

Манекенката која е мајка на едно дете се најде на првото место на годишната листа „Кралици на костимите за пливање“ (Queens of Swimwear), која ја состави компанијата за долна облека и костими за капење – „Блубела“, врз основа на тоа колку манекенките се популарни на социјалните мрежи. Така, Ирина заработува до 60.000 фунти по објава на „Инстаграм“, каде што позира за брендови како што се „Луј Витон“ и „Хунза Г“.

„Ангелот на Викторија“, Алесандра Амброзио (38), е на второ место. Бразилката просечно добива околу 150 000 допаѓања по објава на „Инстаграм“, а покрена и свој моден бренд костими за капење – ГАЛ „Флорипа“. Емили Ратајковски (28), која има 23,3 милиони следачи на „Инстаграм“, е трета на листата.

До десеттото место според следниов редослед се и: Ешли Грејм, Кендис Сванпол, Роузи Хантингтон-Вајтли, Џазмин Тукс, Лаиш Рибеиро, Нина Агдал и Лупе Фуентес.